Работнички не погреши и против Куманово

mirakovski-dokuzovski

Куманово се обиде, но не успеа да го изненади лидерот Работнички, со што најтрофејниот македонски кошаркарски клуб останува без пораз во домашното првенство.

Работнички победи со 81:77 во 12. коло, иако Куманово стигна на 79:77 на 49 секунди до крајот, но немаше решение за да направи целосен пресврт во последниот период. Гинјард со 19 и Чековски со 17 поени беа најефикасни кај тимот од „Градски парк“, додека во редовите на Куманово, Јанески беше најдобар реализатор со 23 поени.

Пелистер славеше на гостувањето кај Шкупи со 86:81 и тоа предводен од капитенот Анакиевски кој постигна 30 поени, Гостивар немаше проблеми со Фени (92:59), АВ Охрид убедливо ја совлада Струмица (103:61), додека Блокотехна стигна до рутинска победа над Кожув со резултат 91:54.

Facebook Коментари