Работнички на стартот доаѓа во Аеродром, вечното дерби е во 7. коло

zdrepka

Новата ситуација и откажувањето на АВ Охрид од настапот во Првата лига донесе нова ждрепка која денеска беше одржана во просторите на нашата кошаркарска федерација по што го дознавме распоредот на мечевите за првиот дел од шампионатот во елитната конкуренција.

МЗТ Скопје одбраната на титулата ќе ја започне со гостување во Гевгелија кај Кожув, додека пак нашиот најтрофеен кошаркарски колектив Работнички во првата рунда ќе патува во Аеродром каде ќе ги одмери силите со вториот тим на „металците“.

Првото вечно меѓу Работнички и МЗТ ќе се игра во „Градски Парк“ во рамките на седмото коло.

Двојки за прво коло (12 октомври)

Вардар – Еуро Никел 2005
Кожув – МЗТ Скопје Аеродром АД
МЗТ Скопје Аеродром – Работнички
Гостивар – Академија ФМП
Куманово 2009 – Пелистер

Facebook Коментари