Поврзете се со нас

Македонија

Работнички му врачи отказ на тренерот Христов

Објавено

на

Борче Христов повеќе нема да го води поранешниот македонски шампион Работнички.

Клубот од Дебар Маало одлучи да се раздели со македонскиот стратег по денешниот пораз од Струга Трим Љум (3-1) на националната арена „Тодор Проески“. Ова за „романтичарите“ трет неуспех во низа, па раководството се одлучи да направи промена на тренерската позиција.

-Кога резултатите не се во корист на тимот, одговорноста прв ја презема шефот на стручниот штаб. По трите порази едноподруго, донесовме одлука за разделба со тренерот Борче Христов. Се надеваме дека оваа промена ќе ги разбуди и фудбалерите. Би сакал да му се заблагодарам на тренерот Борче Христов за посветеноста и досегашната работа во клубот, му посакуваме многу среќа во понатамошната кариера, -порача претседателот на клубот Драган Поповски.

Од Работнички воедно соопштија дека екипата на средбата против Брегалница во среда ќе ја водат досегашните асистенти на Борче Христов, Стојанче Игњатов и Блаже Јанакиевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни