Поврзете се со нас

Македонија

Работнички му дава втора шанса на младиот стручњак: Влахо одново на клупата на „романтичарите“

Објавено

на

По крајот на есенискиот дел од сезоната, Рабтонички процени дека е вистинско време за разделба со српскиот стручњак Ратко Достаниќ, а денеска стана познато кој ќе го води тимот од Дебар Маало во вториот дел од шампионатот.

„Романтичарите“ се одлучија за добро познато име и решија да му дадат втора шанса на младиот стратег, Александар Влахо, човек кој го водеше тимот и на почетокот на минатата натпреварувачка сезона.

– Влахо е млад, квалитетен и мошне амбициозен тренер кој заслужува да добие нова шанса на клупата на Работнички. Раководството на клубот има максимална доверба во неговиот капацитет, тој и во претходниот престој покажа дека е голем работник и потполно се вклопува во стратегијата на клубот за форсирање млади и талентирани фудбалери. Тој многу добро ја знае атмосферата во Работнички и му посакуваме многу успех на кормилото на тимот, вели претседателот на клубот, Драган Поповски.

– Сакам да искажам благодарност до раководството на Работнички за новата соработка, за мене е голема чест да го предводам тимот, но секако и голема обврска. Можам да ветам напорна работа, со надеж за добри резултати во пролетниот дел од сезоната кои ќе го одведат тимот кон горниот дел од табелата во Првата лига, – порача Влахо.

По кратката пауза, планот е Работнички да ги стартува зимските подготовки на 8-ми јануари, а првата прозивка новиот тренер ќе ја има во 12 часот во клупскиот тренинг центар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни