Работнички и Металург не играа, домаќинот не обезбедил доктор

Rab-Met

Ракометниот натпревар од македонската Суперлига во машка конкуренција меѓу Работнички и Металург денеска не се одигра, откако домаќините не ги исполниле основните услови пропишани од федерацијата.

Работнички не обезбедил доктор, кој според правилата мора да биде присутен за време на натпреварот, а делегатот не само што не дозволил средбата да започне, туку 30 минути подоцна го одложил дуелот меѓу скопските ривали.

Средбата требаше да се игра во СРЦ „Кале“, а според официјалната интернет страница на РК Металург, ќе биде одиграна во друг термин.

фото: РК Металург

Facebook Коментари