Поврзете се со нас

Македонија

Работнички ја заврши соработката со Седлоски и го назначи новиот тренер

Објавено

на

Македонскиот прволигаш Работнички утринава соопшти дека Гоце Седлоски веќе нема да ја извршува тренерската функција во клубот, бидејќи е донесена спогодбена одлука за завршување на соработката.

Седлоски заминува заедно со своите асистенти Тони Мегленски и Сашко Поповски, а клубот експресно го назначи Горан Станиќ за нов тренер на сениорскиот тим.

Работнички во неделата загуби од АП Брера, што беше четврти пораз во серија за „романтичарите“ и очигледно момент кој го запали црвеното светло кај одговорните во скопскиот клуб.

Седлоски дојде на функцијата на средината на ноември и го замени Милан Илиевски.

Во пресрет на важното гостување кај Воска, Работнички има само три бода повеќе од Македонија Ѓорче Петров, екипата која се наоѓа на претпоследното место на табелата и е дел од опасната зона.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни