Поврзете се со нас

Македонија

Работнички ја засили својата одбрана со досегашен играч на Брегалница

Објавено

на

Foto:facebook.com/fcrabotnicki

Македонските клубови беа доста тивки во овој празничен период по повод Илинден, но Работнички денеска го прекина молкот и објави информација со која потврди ново летно засилување.

Стартот на новата натпреварувачка сезона полека се ближи и клубовите се подготвуваат за завршните операции во обид да го засилат тимот, а Работнички ја продолжи својата политика со давање шанса на млади фудбалери.

Клубот од Дебар Маало соопшти дека го потпишал Михаил Димитриевски, 22-годишен дефанзивец кој доаѓа во Скопје од редовите на Брегалница.

Димитриевски настапува на позицијата десен бек и добро е запознаен со условите во Првата лига, натпреварување од кое испадна со Брегалница изминатава сезона.

Михаил имаше 27 настапи и насобра потребно искуство во македонската елита, па сега дефинитивно ќе го има најголемиот предизвик во досегашната кариера како член на Работнички.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни