Поврзете се со нас

Македонија

Работнички ја засили екипата со интернационалци од Србија и Камерун

Објавено

на

Екипата на Работнички има катастрофален старт на новата сезона во Првата македонска лига каде по три кола е на последната позиција со три порази и негативна гол разлика 1-9.

Ова придонесе за реакција на „романтичарите“ кои денеска промовираа две нови засилувања и во то дефанзивната линија и во нападот. Одбраната ќе биде посилна за 23-годишниот Дејан Ѓуриќ кој доаѓа од српскиот клуб Раднички Сремска Митровица, а претходно има настапувано за Бродарац и за Жарково.

Кога е во прашање пак офанзивната линија, Марселин Гандо Биала треба да донесе голови и асистенции за тимот предводен од Љупчо Марковски.

Се работи за Камерунец кој доаѓа од египетскиот клуб Петројет, а има претходно искуство во Европа со настапи за Левадија (Естонија) и за Енозис (Кипар).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни