Поврзете се со нас

Македонија

Работнички ја засили центарската линија (ФОТО)

Објавено

на

Екипата на Работнички продолжува да го формира ростерот на престојнава сезона, а најновото засилување е  Милош Мацура.

Се работи за искусен српски интернационалец кој поседува и хрватски пасош, играч кој во последната кампања играл во УСК од Прага и Раднички Крагуевац. Тој ја покрива центарска линија и треба да биде уште една значајна опција во тимот предводен од Тони Симиќ.

Во сегашната кариера има настапувано во Србија, Русија, Белгија, Шпанија, Романија, Франција, Чешка… што значи е кошаркар со огромно искуство. Претходно Работнички кога се во прашање странците ги доведе Луизер, Босанецот Мустафица и Американецот Џексон Емерсон Пол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни