Поврзете се со нас

Македонија

Работнички ја „раситни стотката“ против Вардар

Објавено

на

Тимот на Работнички е во одлична резултатска серија, шест победи во низа од кои последната беше против градскиот ривал Вардар кого го суреди со 101:58.

Средбата во СРЦ „Кале“ беше решена уште во првото полувреме со оглед на тоа што фаворитот се стекна со предност од 28 поени (55-27). И по одморот ништо не се промени, „црвено-белите“ ги добија двете преостанати четвртини и сега имаат учинок 12-4 во домашниот шампионат.

Седум играчи постигнаа 10 или повеќе поени, лидер беше Трајс со 18 кошеви. Бајрам со 12 и Митков со 11 беа најсветли точки кај поразените.

Во вториот денешен меч од 16. коло Чаир 2030 беше убедлив со Навико Академија ФМП со 103:73.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни