Поврзете се со нас

Македонија

Работнички ја претстави новата „седмица“ во првиот тим (Фото)

Објавено

на

Фото: facebook.com/fcrabotnicki

Работнички го стартуваше со пораз вториот дел од сезоната во Првата македонска фудаблска лига, но во пресрет на дуелот со Воска Спорт, „романтичарите“ добија големо засилување.

Гордоста од Дебар Маало го договори Валон Ахмеди во самата завршница од зимскиот преоден рок, меѓутоа фудбалерот мораше да почека на официјална регистрација се до денеска.

Ахмеди денеска беше официјално промовиран како „романтичар“ и го избра дресот со број „7“, па за очекување е своето деби да го има веќе во недела.

Офанзивниот фудбалер кој е роден во Охрид има собрано и неколку настапи за албанската репрезентација, па затоа се очекува да биде огромно засилување за тренерот Горан Станиќ.

Валон има големо искуство со играње натпревари во Првата лига, а дел од македонската елита беше и во првиот дел од сезоата во која настапуваше за Шкендија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни