Поврзете се со нас

Македонија

Работнички ја надигра ранливата Беласица и стигна до прва победа во новата сезона

Објавено

на

Уште по две одиграни кола, станува јасно дека Беласица ќе има грчевите борба за опстанок во македонската елита, бидејќи по првичниот потоп од Силекс и порзот од 0:6, ова попладне беше комплетно инфериорна во дуелот со Работнички.

По болниот пораз во дербито со Македонија, „романтичарите“ денеска ја остварија првата победа во новата сезона, а истата можеше да биде и многу поуверлива од постигнатите два гола.

Домаќините притиснаа уште од самиот старт и најавија дека со решени да ги освојат првите бодови во сезоната, а за Работнички работите станаа многу полесни кога Ѓурѓевиќ го скрши мразот и стрелаше за 1:0 пред крајот на првиот дел.

Погодокот во 38-та минута донесе дополнителна стабилност во играта на тимот од Дебар Маало, па во таква ситуација, по еден корнер го видовме и одлучувачкиот момент на мечот кога Ѓурѓевиќ со својот втор гол ги постави конечните 2:0.

Беласица на овој начин ја отвори сезоната со гол разлика 0:8, а веќе во следното коло ќе има нов тежок тест, бидејќи ќе му биде домаќин на амбициозниот Шкупи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни