Македонија
Работнички ја доби драматичната завршница со ЕуроНикел, ФМП ја прекина лошата серија

Работнички излезе како победник во драматичната завршница на гостувањето кај ЕуроНикел, додека победи на домашен терен во македонското кошаркарско првенство обезбедија Куманово и ФМП Академија.
ЕуроНикел и Работнички влегоа со резултат 60:62 во последниот период, иако гостите од Скопје уште во првите десет минути водеа со 30:11. И покрај прокоцканата предност, Работнички повторно успеа да направи солидна позитива и во последниот период, но упорните домаќини имаа своја шанса да извлечат поповолен резултат.
Питс промаши две слободни фрлања при резултат 83:84 и осум секунди до крајот, но кавадарчани се решија да шутираат тројка и Дубински не успеа да погоди, со што ја потврди победата на гостите.
Дубински со 22 и Рикиќ со 17 поени беа најефикасни во домашниот тим, додека Работнички беше предводен од засилувањето Филип Бундовиќ кој го завршил натпреварот со 27 поени.
Куманово го победи Гостивар со 81:73 и им се врати на победите во домашниот шампионат, а најзаслужен за победата бил Ливингстон со 27 поени.
Својата лоша серија ја прекина Академија ФМП и тоа со победата над Црн Дрим Грин мобил (74:68), а најдобар реализатор кај домаќините повторно бил Крстајиќ со 27 поени.

- Англијапред 23 часа
Летна и првата глава по неуспехот на Супер лигата, навивачите на Манчестер Јунајтед во транс
- Светпред 24 часа
Европската лига се распадна како кула од карти по само два дена: Вечерва клучен состанок за откажување
- Англијапред 22 часа
Сунес со остар коментар: Девет месеци имаа состаноци со другите директори, Вудвард е само почетокот (Видео)
- Италијапред 22 часа
Италијанските новинари едногласни за статусот на Ањели во Јувентус
- Светпред 12 часа
Румениге му одржа лекција на Перез како најголем поборник на Супер лигата
- Лига на шампионипред 22 часа
Перез за „Лекип“: Не сме загрижени, ќе го реализираме проектот Супер лига
- Светпред 12 часа
Пике со прва реакција откако шесте англиски премиерлигаши го „закопаа“ проектот на Флорентино (Фото)
- Англијапред 20 часа
Официјално: Сите англиски клубови се повлекуваат од Супер лигата