Работнички извлече реми во Тетово, Академија Пандев славеше на гостувањето кај Шкупи

alimi

Денес беа одиграни првите четвртфинални натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија. Најголемо внимание привлече пресметката во Тетово помеѓу Шкендија и ранетиот Работнички.

Натпреварот на стадионот под Шара заврши без победник (1:1), а двата погодоци паднаа во првиот дел од средбата. Најпрво Стенио Жуниор ја затресе мрежата на Јанков, а потоа резултатот го израмни Стојков по неверојатниот кикс на Захов.

Академија Пандев славеше на гостувањето кај Шкупи со 1:0, а единствениот погодок на натпреварот беше дело на Темелков кој го совлада бразилскиот голман Тулио во 93. минута.

Мрежитена средбата помеѓу Ренова и Струга Трим и Лум мируваа, а последниот натпревар помеѓу Брегалницаи Лабуништа ќе се одигра во 16:30 часот.

Facebook Коментари