Поврзете се со нас

Македонија

Работнички издоминира против Пелистер за посакуван крај на годината

Објавено

на

foto:www.fiba.basketball/europecup/23-24

Кошаркарите на Работнички полесно од очекувањата го добија дуелот со Пелистер и на најдобар начин ги завршија настапите во календарската 2023 година.

Победникот на дуелот во Скопје беше решен уште на полувреме, кога Работнички водеше со 53:36, а и во третиот период доминираше домашниот тим кој не дозволи било какво изненадување.

Пелистер го искористи последниот период за да ја намали негативата и да избегне катастрофа на ова гостување, па успеа со резултат 11:28 за конечни 98:84.

Декоузи со 22 и Рикиќ со 15 поени беа најефикасни кај победничката екипа, додека во редовите на Пелистер 22 поени постигна Хот.

Работнички стигна до третото место на табелата во Првата македонска кошаркарска лига, со ист број бодови колку што имаат и Пелистер и Чаир.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни