Македонија
Работнички и Академија ремизираа, Силекс го издржа силниот налет на Шкендија
Осмото коло во македонскиот фудбал донесе дерби пресметка во Тетово, во која Шкендија и Силекс на крајот одиграа нерешено и ги поделија бодовите.
Далеку позадоволни од ваквото сценарио секако се гостите од Кратово, кои повеќе од 30 минути играа со играч помалку на теренот, а во кои вистински херој беше голманот. Божиновски имаше неколку фантастични реакции и сосема заслужено го понесе епитетот играч на натпреварот, одбивајќи ги сите налети на домашниот тим кој средбата ја заврши со четири напаѓачи.
Инаку, натпреварот заврши 1:1, а головите беа постигнати во првото полувреме во кое Ибраими погоди за 1:0, а Ѓуриќ израмни пред крајот на првиот дел.
Од останатите средби, за издвојување е победата на Шкупи со новиот тренер, натпревар на кој чаирчани го победија Борец со 3:0 и ја прекинаа одличната низа на велешани. Два гола постигна Дарбо, а еден беше дело на Адеми.
Во Скопје се играше фудбал и на националната арена, на која Работнички и Академија Пандев одиграа средба без голови (0:0), а реми исход имаше и на дуелот меѓу Беласица и Ренова (1:1).
Покрај Шкупи, ова попладне на победа се израдува и Македонија Ѓорче Петров која на домашен терен славеше над Струга со 2:0.
-
Лига на нации13 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
АТП12 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
АТП23 часа
Ѓоковиќ се растрча како да има десет години помалку, па закажа осминафинале со својот „редовен пациент“ (Видео)
-
Лига на нации14 часа
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Лига на нации13 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Македонија9 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)
-
Лига на нации13 часа
Франција го најави пресвртот против Хрватска со гол каков немаше постигнато цели 18 години (Видео)
-
Лига на нации23 часа
Луд натпревар во Дортмунд: Германија водеше 3:0 против Италија, па едвај го дочека последниот судиски свиреж (Видео)