Работнички го „затвори“ полуфиналето со Куманово и го чека ривалот за титулата

Rabotnicki-Kumanovo

Кошаркарите на Работнички се изборија за финале во плејофот од македонската кошарка откако денес славеа победа со 81:65 против Куманово и со тоа ја добија полуфиналната серија со максимални 3:0.

Работнички уште во првата четвртина го реши прашањето на победникот. Избраниците на Докузовски по само пет минути игра имаа позитива од плус 10 (14:4), а по крајот на десетте минути разликата порасна на 15 поени.

Гостите од Куманово ги добија следните две четвртини, но сепак беа далеку од пресврт и некаков позитивен резултат.

Гинјард и Еванс со по 17 поени го предводеа Работнички кон финалето, додека во Куманово се истакна Бобан Стајиќ со 15 реализирани коша.

Работнички во финалето ќе го чека подобриот од двомечот помеѓу МЗТ Скопје и Блокотехна. Во моментов актуелниот првак води со 2:1 во серијата.

Facebook Коментари