Поврзете се со нас

Македонија

Работнички го скрши отпорот на вториот тим на МЗТ во завршницата

Објавено

на

Работнички го искористи подобриот финиш за да го скрши отпорот на упорните играчи на вториот тим на МЗТ Скопје и да дојде до победа (61:70) во заостанат натпевар од македонското кошаркарско првенство.

Фаворитот на полувреме имаше само четири поени предност, а последниот период започна со резултат 48:51, што беше најава за неизвесност и во последните десет минути.

На пет минути до крајот, МЗТ Скопје Уни Банка се уште беше во игра (55:59), но во продолжени Работнички успеа да ги обезбеди посакуваните бодови од оваа средба.

Мулалиќ со 22 и Бундовиќ со 19 поени беа најзаслужни за победата на Работнички, додека во редовите на вториот тим на МЗТ, најдобар реализатор бил Зекири со 17 поени.

Претходно, Кожув го победи Куманово со 79:76 и останува со теоретски шанси да избори место во плејоф завршницата.

Симоновски со 17 и Станојевиќ со 16 поени се истакнале во составот од Гевгелија, додека кумановци реализаторски биле предводени од Ѓекиќ (22 поени).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни