Македонија
Работнички го прозва вечниот ривал МЗТ Скопје: Работите не се решаваат на мускули, треба да се вклучи и мозок

Тимот на Работнички доцна вечерва се огласи со соопштение во кое го искажа својот став за последните случувања во домашната кошарка, првата лига и воедно го прозва вечниот ривал МЗТ Скопје и неговиот директор, Тони Грнчаров.
Во продолжение во целост ви го пренесуваме соопштението на клубот од „Градски Парк“.
Почитувани љубители на кошарка,
Изминатите неколку недели се изначитавме и изнаслушавме разни реакции од нашиот вечен ривал, како некој на нив им ја одземал титулата. Прво сакаа да бидат прогласени за шампиони со 45-50% одиграно првенство и само 1 поен пред нашиот Работнички, потоа кога најголемиот број од клубовите беа против и со укажување дека титула се добива на терен а не во канцеларија.
Потоа добивме нов предлог да се доиграло првенството само со домашни играчи. И сега очигледно изгледа дека сите останати клубови кошаркарски па и останатите од ракомет, фудбал, одбојка итн. во нашата држава а и секаде низ свет решиле заради пандемијата да ги прекинат спортските настани а и во најголем дел да донесат одлука иста како што донесе КФСМ, да заврши првенството без победник со постоечката табела и без испаѓање. Но, за почитуваните од МЗТ и тоа не беше доволно, па почнаа со лични навреди што преку навивачи, преку социјални медиуми и квази соопштенија каде и имавте разни навреди:
-ќебап
-навреди на национална основа
-златар
-дебел
-ќељав
-неписмени градоначалници
-свиња итн
Решивме да им поставиме неколку прашања:
1. Како ќе се игра кошарка кога има забрана за собирање во група не поголема од 5 луѓе?
2. Како ќе се држи растојание од два метра?
3. Дали играчите за да ги почитуваат мерките ќе треба да играат со маски и ракавици?
4. Што ќе се случи ако еден играч зарази цела екипа од ковид 19 и со тоа бидат ставени во карантин, дали истите ќе се дисквалификуваат?
Почитувани господа од МЗТ (ние сме урбани луѓе и не користиме примитивизми како гореспоменатите) ви порачуваме на вас и пред се на вашиот директор дека работите не се решаваат на мускули, некогаш треба да се вклучи и мозокот!
А сите што најавуваат разни војни и употребуваат закани, нека не не смеат, од сите војни секогаш сме излегувале посилни.
Со почит,
КК Работнички
-
НБА23 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија12 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот
-
Италија21 час
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија21 час
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија21 час
Лука Тони: Toa не е добар знак за Јувентус…
-
НБА24 часа
Лејкерс донесе и центар за борбата под обрачите (ВИДЕО)
-
АТП12 часа
Алкарас изведе тениско лудило кое ќе биде кандидат за поен на годината, па и самиот го сподели на социјалните мрежи (Видео)
-
НБА11 часа
Јокиќ нанижа уште еден трипл-дабл, ЛеБрон ја доби шутерската пресметка со Кари