Работнички го прегази Шкупи за максимални 16:0 во домашното првенство

Rabotnicki-MZT

Работнички едноставно делува незадржливо во домашното првенство оваа натпрреварувачка сезона, а сосема очекувано, оваа вечер на домашен терен без никакви проблеми се справи со Шкупи кој претрпе нов срамен пораз.

Најтрофејниот кошаркарски клуб во Македонија ја покажа својата сила во секоја смисла на зборот, и му покажа на Шкупи колкава е разликата во квалитет испраќајќи го во Чаир со 51 поен разлика за 16-та победа на исто толку натпревари во домашното првенство.

Работнички славеше со неверојатни 113:62, натпревар кој им овозможи на домашните кошарркари да играат растеретено и да погодуваат од сите позиции. Гинјард и Костов беа најефикасни на паркетот со 18 реализирани поени, Ефремовски уфрли 14, додека пак Крстевски го заврши мечот со два поени помалку. Во поразениот табор, Догбо се истакна со 16 поени, а Мемет постигна 12.

Facebook Коментари