Македонија
Работнички го предизвика МЗТ, но „металците“ одговорија со шампионско второ полувреме

Вечното кошаркарско дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички традиционална носи многу жештина на теренот и на трибините, па се чини дека денеска бевме сведоци на една очекувано сценарио во кое повторно видовме еден прекин.
Работнички далеку подобро го започна најголемото дерби во македонската кошаркар и по 10 минути игра водеше со 17:26, но се чини дека овојпат тимот од Центар не доби никаква услуга од своите навивачи, кои во втората четвртина со фрлената пиротехника на теренот го прекинаа мечот.
Овој прекин го извади Работнички од ритам и МЗТ успеа до полувремето да стигне на само минус два негатива (42:44), па од тука почна и налетот на шампионот кој направи целосен пресврт во второто полувреме.
Поради фрлените пиротехнички средства, „Сити парк бојс“ беа исфлени од салата, а тоа направи верните навивачи да не го гледаат вториот дел во кој МЗТ заигра авторитативно и на крајот победи со 75:63.
Војдан Стојановски со 20 поени беше лидер кај МЗТ Скопје, Крстевски запиша шест помалку, додека Едвин го заврши мечот со 12 поени. Кај Работнички, Стојан Ѓуровски беше најефикасен со 18 поени, пет повеќе од Шошкиќ кој беше втор најдобар поединец кај гостите.
-
НБА13 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Свет11 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Италија23 часа
Интер го возврати ударот и му се „залепи“ на лидерот Наполи (ВИДЕО)
-
Шпанија10 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Франција9 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
Балкан12 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
Англија22 часа
Ловрен за ситуацијата на Салах во Ливерпул: Знам многу работи…
-
НБА9 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)