Поврзете се со нас

Македонија

Работнички го потврди и третото зимско засилување

Објавено

на

Тимот на Работнички влече потези на пазарот во овој преоден рок, па така денеска го претстави и третото зимско засилување.

Откако ги обезбеди Армен Алими и српскиот напаѓач Анес Рушевиќ, клубот од Дебар Маало се договори со Арбин Зејнулаи. Играчот за врска потпиша двегодишен договор и веднаш му се стави на располагање на тренерот Борче Христов.

-Чест ми е што доаѓам во клуб со голема традиција каков што е Работнички. Се враќам во македонското првенство каде добро ги познавам приликите и се надевам дека ќе ја оправдам довербата што ми ја даде клубот. Ветувам напорна работа и се надевам дека заедно ќе бележиме успешни резултати, -изјави Зејнулаи кој претходно играше за Шкендија, а во новата средина доаѓа од Локомотива Загреб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни