Поврзете се со нас

АБА лига

Работнички го одигра најдобриот меч во АБА2 лигата, ама загуби од Војводина

Објавено

на

Фото: ABA League/Dragana Stjepanovic

Составот на Работнички со пораз од Војводина од 74:70 го заврши настапот во АБА2 лигата за оваа натпреварувачка сезона.

Македонскиот претставик го одигра најдобриот меч, силно му се спротистави на фаворитот, но падна во дополнителните пет минути и на крајот го претрпе шестиот пораз во групата во која беа уште Босна и Сутјеска.

Работнички лошо го отвори натпреварот и првата четвртина ја загуби со 25:11, но експресно се врати во втората и на пауза имаше само три поени негатива (38:35).

Се играше изедначено во вторите 20 минути, се влезе во неизвесна завршница во која двата клуба имаа шутеви за победа, ама ги промашија што донесе продолжение во кое тимот од Нови Сад со 10:6 избории славје во СРЦ Кале.

Полутак и Ефремовски искомбинираа 47 поени за центарци.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни