Работнички го надмудри Куманово, Кожув убедлив против Еуро Никел

Rabotnicki-Kumanovo2

Работнички го победи Куманово на домашен терен за осма победа сезонава, додека Еуро Никел не успеа да се израмни со МЗТ и Гостивар, затоа што загуби на домашен терен од Кожув.

Македонското кошаркарско првенство и денеска донесе возбудувања во рамките на 12. коло, а Работнички во „Градски парк“ стигна до прва победа во 2020 година и тоа со резултат 77:72.

Натпреварот беше неизвесен до самиот крај кога Работнички сепак ја задржа минималната предност, а беше предводен од Николовски со 19 и Мијатовиќ со 15 поени. Засилувањето Црниќ реализирало дури 27 поени за Куманово, но и тоа не му помогна на неговиот тим да го избегне поразот на денешното дерби.

Кожув преубедливо го совлада Еуро Никел во Кавадарци (68:91), со што и двете екипи имаат ист ефект со Работнички (8-4) по ова коло.

Овој натпревар беше решен уште во првиот дел кој заврши со голема предност на Кожув, екипата која до крајот доминираше, а во чии редови најефикасни биле Пејн со 31 и Караџовски со 17 поени.

Facebook Коментари