Поврзете се со нас

Македонија

Работнички ги преслуша „академците“ и врза две победи

Објавено

на

По четири порази на стартот на сезоната, Работнички конечно сврти лист и врза две победи во домашното првенство, но оваа над Академија ФМП беше навистина убедлива.

Тесниот триумф над ТФТ им даде потребна самодоверба на играчите од Градски парк, кои денеска во шестото коло одиграа атрактивен меч со НБА резултат.

Работнички славеше убедливо со 120:84 и ја запиша втората победа во сезоната, што истовремено е втора во низа и го однесе тимот на седмото место на табелата.

Од друга страна, „академците“ продолжуваат со лошата серија резултати и остануваат на само една победа од стартот на шампионатот, во кој факт е дека ќе бидат во борба да го избегнат плејаутот.

Форте со 36 поени и 14 скокови доминираше на денешниот меч против Академија ФМП, а добра поддршка имаше и од Малешевиќ кој уфрли 26 поени за Работнички. На спротивната страна, Џонс и Коскоски имаа по 20 поени, а Настовски еден помалку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни