Поврзете се со нас

Македонија

Работнички доведе тројца нови играчи (ВИДЕО)

Објавено

на

blank

Најтрофејниот македонски кошаркарски тим Работнички ги засили своите редови со тројца странски кошаркари.

Клубот од „Градски Парк“ успеа да ги добие потписите на Рајнер Торнтон, Мирко Мулалиќ и Филип Бундовиќ. Ова за Американецот Торнтон ќе биде прво европски искуство, претходно играше во Мемфис Хасл во НБА Џи-лигата.

Кога е во прашање Мулалиќ, се работи за искусен бек на кого последниот ангажман му беше во Цедевита Олимпија во минатата сезона. Најпознато име дефинитивно е центарот Бундовиќ кој сезонава беше активен во Цибона, но хрватскиот состав одличи да ја прекине соработката со него и тоа сега го искористи Работнички и го доведе во Скопје.

Со ова центарци најавуваат дека имаат намера да се борат за трофеите на домашната сцена, но и да играат улога во АБА2 лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни