Работнички доведе млад Нигериец како последно летно засилување

gofri-rabotnicki

Работнички го искористи последниот ден од продолжениот преоден рок кој важи и во Македонија за да го доведе своето последно засилување за новата сезона, доведувајќи играч со напаѓачки карактеристики кој допрва треба да се докаже во најдобро светло.

Работнички го ангажнираше 19-годишниот нигериски интернациоалец Чарлс Гофри, фудбалер кој може да игра на повеќе позиции во офанзивната линија и кој во Скопје пристигнува од екипата на Скендербег. Гофри веќе е ставен на располагање на тренерот Виктор Треневски, а всушност негова ќе биде одлуката дали младиот напаѓач ќе има шанса за деби уште овој викенд кога Работнички ќе гостува на Чаир против Шкупи.

Facebook Коментари