Поврзете се со нас

Македонија

Работнички донесе засилувања од САД и Канада за борбата под обрачите

Објавено

на

foto:www.facebook.com/macedonianbasketball

Поранешниот македонски шампион Работнички ги засили своите редови пред продолжението на сезоната со две имиња од Соединетите Американски Држави и Канада.

Центарци донесоа засилувања за борбата под обрачите, играчи кои можат да одговорат на позициите 4 и 5, а тоа се Џулијан Рош (27 год, 211 см) и Кори Мениго (26 год, 206 см).

Канаѓанецот Рош доаѓа од Грција каде за Ниар Ист имал учинок од 11,9 поени, 9,7 скока, додека пак Американецот Мениго последниот ангажман го имал во Израел каде во дресот на Отеф Даром имал просек од 9,4 поени и 4 скока.

Овие двајца се соодветни замени за Полутак и Марковиќ.

Работнички овој викенд е домаќин на Тиквеш во рамките на 18. коло во Суперлигата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни