Македонија
Работнички доби големо засилување за пролетниот дел од сезоната: Алими пристигна во Дебар Маало
Арменд Алими остави голема трага во Тетово и по осум години минати во Шкендија стави крај на соработката со овој клуб, откако двете страни решија дека е време за разделба на средината на овој месец.
Алими има 34 години и новата 2022-та година ќе ја започне во нова средина, која сепак нема да биде онаа којашто ја најавуваа дел од медиумите.
Иако се чинеше дека Шкупи е најзагреан за искусниот Арменд, неговиот потпис на крајот го осигура Работнички, клуб кој добива огромно засилување за вториот дел од сезоната.
Тимот од Дебар Маало влезе во резултатска криза и на лош начин го заврши есенскиот дел од сезоната, па сега целта е во вториот дел „роматичарите“ да се вратат во сигурната зона на табелата.
Алими освои пет трофеи во редовите на Шкендија, а со своеото огромно искуство се очекува да донесе квалитет плус во тимот кој го води Борче Христов.
-
Лига на шампионипред 23 часа
Чави откри што му порачал на судијата Ковач по крајот на мечот: Не смееме да молчиме после ваква арбитража
-
Лига на шампионипред 24 часа
ПСЖ со голем пресврт во Барселона, Борусија го нокаутираше Атлетико во трилер со шест гола (Видео)
-
НБАпред 14 часа
Лејкерс закажа плејоф битка со шампионот, крај на сезоната за Голден Стејт (ВИДЕО)
-
Лига на шампионипред 13 часа
Итуралде Гонзалес за црвениот картон на Араухо: Тоа не беше ниту фаул…(ВИДЕО)
-
Лига на шампионипред 15 часа
Мбапе по големиот триумф на „Монжуик“: Сите знаат кој е мојот сон
-
Лига на шампионипред 23 часа
Дембеле со прва изјава по огромната победа на ПСЖ и свирежите кои ги доби од навивачите на Барса
-
ВТАпред 8 часа
Ѓорческа ја надигра шестата носителка на силниот турнир во Копер
-
АТПпред 11 часа
Алкарас: Ѓоковиќ има слаби точки, но…