Поврзете се со нас

Македонија

Работнички го претстави Илиевски како прво летно засилување, Шкупи го ангажираше Маркоски

Објавено

на

Работнички ова утро ја извести македонската јавност за прво летно засилување во пресрет на новата натпреварувачка сезона, а тоа е дефанзивецот Бојан Илиевски кој пристигнува во Скопје од редовите на Пелистер.

Досегашниот дефанзивец не битолскиот тим доаѓа со цел да ја засили конкуренцијата во одбраната на тренерот Влахо, која мора да се напомене дека се покажа во навистина добро светло во вториот дел од сезоната која заврши.

– Чест ми е што добивам шанса да ги бранам боите на Работнички. Се работи за еден од најренонираните македонски клубови кој отвора голема перспектива за младите фудбалери. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на раководството со добри игри во наредниот период, – изјави Бојан Илиевски.

Од главниот град, исто така пристигна информација за летно засилување и во редовите на Шкупи, клуб кој го ангажираше крилниот напаѓач Кире Маркоски кој потпиша едногодишен договор.

– Прво сакам да им се заблагодарам на сопственикот на клубот Олгун Ајдин, спортскиот директор Омер Буњаку и тренерот Гоце Седлоски за довербата и дадената можност. За време на разговорите тие ме информираа со своите идеи за целите и амбициите на клубот. Токму желбата и амбициите на клубот за успех во домашното првенство и на европската сцена беа причината што решив да потпишам за Шкупи, – изјави Маркоски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни