Поврзете се со нас

Англија

Работите брзо се менуваат во фудбалот: Гордон го „поздрави“ Арсенал со фразата со која го исмеваа Халанд (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/NUFC

Њукасл по вторпат го победи Арсенал во полуфиналето на Карабао Купот и си го трасираше патот до големото финале на „Вембли“, пласман кој е апсолутно заслужен ако се земе во предвид дека вкупно му даде четири гола на тимот од Северен Лондон.

Со вчерашните 2:0, Њукасл го доби Арсенал со вкупни 4:0 во овој полуфинален двомеч, што доволно говори дека „страчките“ далеку повеќе го посакуваа финалето.

Избраниците на Еди Хау очигледно се наострени да одат до крајот и да го освојат трофејот, а пласманот во финалето донесе и една провокативна изјава, и тоа од стрелецот Антони Гордон.

Крилниот фудбалер „ги поздрави“ играчите и навивачите на Арсенал со фразата која тие на големо ја повторуваа во текот на изминатите неколку дена, а која всушност му ја посветија на Ерлинг Халанд (stay humble).

– По пласманот во финалето, мислам дека многу е важно да останеме скромни……., – порача Гордон и брзо стана вирален хит.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни