Поврзете се со нас

Италија

Работите брзо се менуваат во фудбалот: Големата промена во Џенова носи ужасни вести за Балотели (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/GenoaCFC

Марио Балотели после подолго време дочека понуда од Серија А и успеа да си ја оствари желбата, односно потпиша договор со клуб кој се натпреварува во италијанската елита.

По одобрување од Алберто Џилардино, Џенова реши да го ангажира слободниот агент и да му даде нова шанса во Калчото, но само два меча по потпишаниот договор до крајот на сезоната, Балотели сега ќе се соочи со огромен проблем, кој во најава може да му донесе и навистина лоши вести.

Џенова официјално информираше дека го отпушта Џилардино кој практично му ја отвори вратата на Балотели во првиот тим, а иако уште не е потврдено, јасно е дека на негово место доаѓа Патрик Виеира.

И покрај тоа што имаат долга историја како соиграчи и соработка во вид тренер-играч, последната епизода меѓу Виеира и Балотели не заврши воопшто добро, бидејќи „Супер Марио“ практично си замина од Ница токму поради Французинот кој беше тренер на првиот тим.

– Балотели едноставно не е создаден за тимски спорт, беше навистина тешко да се работи со него, – изјави Виеира во 2019-та година, а ништо подобро мислење немаше и Марио.

– Никогаш немаше да ја напуштам Ница ако во клубот не беше Виеира, – возврати тогаш Балотели.

Пет години подоцна, фудбалските патишта повторно им се вкрстуваат во Џенова, а останува да видиме каква судбина ќе има Балотели по големиот новитет на Мараси.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни