Поврзете се со нас

Италија

Рабио за тоа зошто остана во Јувентус: Во сезона по која следи ЕП…

Објавено

на

Адриен Рабио имаше можност да си замине од калчолигашот Јувентус по крајот на минатата сезона со оглед на тоа што му истекуваше договорот.

Иако имаше и други опции во игра тој се одлучи да остане во Торино уште една кампања во која засега има еден гол и две асистенции на осум средби во Серија А.

-Ова е клуб во кој сум среќен и имаме многу добра сезона. Да останам во тим кој многу добро го познавам, во сезоната на Европското првенство, се чинеше најдобра опција. Клубот има доверба во мене. Подоцна ќе видиме за обновување на договорот, но во секој случај јас сум многу среќен со мојата ситуација во клубот и во репрезентацијата на Франција, -порача Рабио кој даде коментар и за Пол Погба кој е суспендиран откако падна на допинг тест.

-Зборував со него, ова е комплицирана ситуација и сите бевме навистина запрепастени кога ја слушнавме веста. Очигледно, ние стоиме со него и се надеваме дека тој може да излезе од ова на најдобар можен начин, бидејќи сето ова е многу за една личност да се справи, -заклучи Французинот за „Телефут“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни