Поврзете се со нас

Франција

Рабио со коментар за конфликтот на неговата мајка со семејствата на Погба и Мбапе

Објавено

на

Францускиот репрезентативец Адриен Рабио зборувал за конфликтот меѓу неговата мајка и семејствата на колегите од националниот тим, за време на последниот дуел на „триколорите“ на Европското првенство.

Медиумите пренесоа дека Вероник Рабио ги навредувала семејствата на Погба и Мбапе, обвинувајќи ги за пропустите на фудбалерите на дуелот со Швајцарија.

Сега, фудбалерот на Јувентус вели дека немало никаков конфликт.

– Ништо не се случило на трибините.

– Бев изненаден од ваквите написи, зборував со мојата мајка и таа ми кажа дека ништо не се случило. Јас и верувам.

– Во моментите на нервоза може да се кажат многу работи, но немало конфликт како што пишуваа медиумите. Јас немам никаков проблем со Погба и Мбапе и никогаш не сме зборувале на оваа тема, – изјавил Рабио.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни