Поврзете се со нас

Англија

Рабио се поблиску до „Олд Трафорд“

Објавено

на

Францускиот репрезентативец, Адриен Рабио е се поблиску до премин на „Олд Трафорд“ откако во текот на денешниот ден била одржана уште една средба меѓу инволвираните страни.

Уште пред два дена Јувентус и Манчестер Јунајтед се договориле за трансферот на Рабио кој би требало да изнесува некаде околу 15 милиони евра.

Преминот на фудбалерот на „театарот на соништата“ не е реализиран затоа што се уште не се „испеглани“ условите кои ќе ги има во договорот на играчот.

Сепак, се верува дека истите ќе бидат решени наскоро затоа што спортскиот директор на Манчестер Јунајтед, Џон Муртог веќе бил во Торино каде имал средба со Вероник Рабио, мајка на фудбалерот на Јувентус.

Вероник прво сакала да го продаде својот син во Монако, но откако тимот не успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампионите се согласила да преговара со Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни