Поврзете се со нас

Италија

Рабио самоуверен по ремито со Интер: Овој Јувентус може до Скудетото

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Јувентус брзо го испушти водството во дербито со Интер и мораше да се задоволи со освоен бод во Торино, епилог кој прави ситуацијата да остане непроменета на врвот на табелата.

Интер и натаму е лидер и ја задржа предноста од два бода пред Јуве, но Адриен Рабио верува дека сезоната е долга и дека тој и неговите соиграчи ќе добијат нови шанси за да направат пресврт.

Францускиот играч за врска е задоволен од квалитетот кој го презентира Јувентус во последно време, до толку што смета дека имаат шанси да ја вратат титулата во Торино.

– Сметам дека ова беше добар и реален резутлат за двата тима. Сакавме да победиме, но не е лесно да се игра против Интер. Не сме ниту на пола од сезоната, па ќе имаме многу други шанси да надокнадиме бодови.

– Бевме надвор од баланс во акцијата со која ни израмнија, едноставно моравме подобро да го чуваме Лаутаро. Вториот дел беше избалансиран и немаше многу шанси на двете страни. Според мене, чашата е до половина полна, имаме простор за напредок. Сите во соблекувалната зборуваме за нашата цел и тоа е освојување на Скудетото. Ние сме шампиони и мора да веруваме дека можеме да стигнеме до таков успех, – порача Рабио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни