Поврзете се со нас

Европски првенства

Рабио разочаран што нема да игра во четвртфиналето: Судењето на почетокот…

Објавено

на

foto: x.com/sporx

Репрезентацијата на Франција беше подобра од Белгија (1-0) и избори пласман во четвртфиналето на Европското првенство, меч со Португалија на кој селекторот Дидие Дешамп нема да смета на еден од најважните играчи на средината на теренот Адриен Рабио.

Рабио кој започна три од четирите досегашни натпревари за „триколорите“ на турнирот заработи жолт картон во првиот дел, картон кој автоматски значеше суспензија од еден меч.

-Се чувствувам одвратно што добив ваков жолт картон. Сметам дека судењето на почетокот на натпреварот беше малку ограничено. Но, имам доверба во момците на клупата, ќе бидам зад нив, -порача Рабио кој во моментов е слободен играч по истекот на договорот со калчолигашот Јувентус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни