Поврзете се со нас

Италија

Рабио проговори за својата иднина и можната преселба во Англија и Шпанија

Објавено

на

Адриан Рабио игра добро во актуелнава сезона која малку фалеше да не ја започне во Јувентус, односно да се пресели во премиерлигашот Манчестер Јунајтед.

Французинот беше на добар пат да заврши на „Олд Трафорд“, ама зделката пропадна во последен момент затоа што проблем беа личните услови, платата на играчот. Во меѓувреме Рабио се разигра и даде 5 гола со 2 асистенции за „старата дама“ во досегашниот дел од кампањата со тоа што добрата форма ја префрли и во националниот тим каде даде гол и асистенција во триумфот над Австријалија на СП.

Тој веќе е во завршната година од договорот и останува неизвесно каков потег ќе повлече, но она што е јасно е дека интерес за неговите услуги има од Челси, Тотенхем, Ливерпул и Реал Мадрид.

-Не ја знам мојата иднина, не знам дали ќе останам во Јувентус, не е време да разговараме за тоа. Сигурно, најновите настапи ми помагаат да заминам на друго место или да разговарам за нов договор со Јувентус, -порача Рабио за „Ла Република“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни