Поврзете се со нас

Франција

Рабио конечно си пронајде клуб: Французинот останува дел од топ 5 лигите во Европа

Објавено

на

Foto:x.com/equipedefrance

Адриен Рабио беше важен дел од францускиот тим на Европското првенство, но и покрај тоа не успеа навреме да си пронајде нов клуб за да ја стартува навреме новата сезона.

Поради тоа, играчот за врска не беше дел од септемврискиот циклус во Лигата на нации, но многу брзо по репрезентативната пауза, изгледа дека Рабио ќе го послуша советот на Дидие Дешамп.

Францускиот селектор му препорача да си пронајде клуб во најбрз можен клуб бидејќи неговата ситуација станува трагикомична, па очигледно ова допре до Рабио кој по се изгледа се враќа во родната земја.

Како што јавуваат угледните француски медиуми, Рабио е во напредни преговори со Олимпик Марсеј и ќе отпатува за „Велодром“ како слободен агент, што треба да биде уште едно големо засилување за тимот на Роберто Де Ѕерби.

Марсеј изгледа навистина добро на стартот на сезоната и се издвојува како единствен тим кој може да го следи ПСЖ, што во ситуацијата на Рабио ќе значи битка за врвот против неговиот матичен клуб.

Адриен изминатиов период беше поврзуван и со трансфер во Саудиска Арабија, но последните вести се дека останува во Европа и дека во наредните 48 часа ќе биде промовиран како нов играч на Марсеј.

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни