Поврзете се со нас

Италија

Рабио и Галјардини ја продолжија „војната“ на социјалните мрежи (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Роберто Галјардини се занесе и прееуфорино го славеше израмнувачкиот гол против Јувентус на вчерашниот натпревар кој се одигра на „Бриантео“, но очигледно заборави на златното фудбалско правило кое гласи „кој последен се смее, најслатко се смее“.

Галјардини му се радуваше на Адриен Рабио во лице кога Монца израмни на 1:1 во 91-та минута, но само две минути подоцна следеше шок за него и неговите соиграчи.

Гати погоди за 1:2 и му овозможи на Рабио да излезе како победник во оваа неочекувана пресметка, која подоцна продолжи и на социјалните мрежи.

Галјардини му се потсмеваше во лице на Рабио, доби одговор две минути подоцна (Видео)

– Научете секогаш да останете скромни, бидејќи додека судијата не означил крај на мечот, се е можно. Запомнете го ова, – му порача Рабио на Галјардини, а овој денеска дрско му возврати.

– Работите кои се случуваат на теренот, остануваат на теренот, не се префрлаат на социјалните мрежи. Оди јави и се на твојата мајка, – порача Галјардини, алудирајќи на советите кои ги добива Рабио од неговата мајка која му е и агент.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни