Италија
Рабио го „пецна“ Интер: Се гледа дека се послаби оваа сезона

Адриен Рабио значително ја подигна формата оваа сезона и допрва треба да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата, но изминативе неколку дена стана топ тема во Италија и поради ситуацијата од дербито.
Јувентус го победи Интер во Милано со резултат 0:1 и стрелец на голот беше Костиќ, но ситуацијата се прегледуваше четири минути од судијата Кифи поради спорно играње со рака на Французинот.
На крајот, главниот судија и луѓето во ВАР собата не утврдија дека постои сигурно играње со рака од Рабио, па голот остана да важи и истиот направи главна разлика на дербито на „Џузепе Меаца“.
Претставниците на Интер жестоко протестираа за оваа одлука и Инѕаги нагласи дека неговите играчи заслужуваат повеќе респект, но Рабио смета дека „нераѕурите“ не треба да се жалат и проблемот да го бараат кај себе.
– Во Италија секогаш се отвора голема дебата за секоја спорна ситуација. Се зборуваше многу и ќе се зборува уште долго време. Разбирам зошто се прави тоа, фудбалот е како религија во Италија, но фудбалот не се само контроверзни моменти, – вели Рабио и додава.
– Ако бидам целосно искрен, во неделата добив впечаток дека тие не се толку силни како кога беа во Торино. Не се истиот тим како пред една или две години. Добив впечаток дека загубиле самодоверба, а резултатите покажуваат само по себе дека се послаби оваа сезона. Ако треба да сумираме, ги победивме сигурно на првиот меч во Торино, а ги победивме и на нивни терен, – додава Французинот во интервјуто за „Тутоспорт“.
-
Англијапред 18 часа
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
АТПпред 16 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
Шпанијапред 21 час
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
Светпред 20 часа
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
АТПпред 8 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Германијапред 18 часа
Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување
-
Францијапред 19 часа
ПСЖ има нова стратегија, ќе ангажира дури седум фудбалери под исти услови
-
АТПпред 11 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)