Поврзете се со нас

Франција

Рабио доби комплименти од француска легенда: Стана мој идол со потезите кои ги направи

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/OM_Officiel

Адриен Рабио реши да потпише за Олимпик Марсеј, со што конечно стави крај на периодот без ангажман, кој започна откако му истече договорот со Јувентус.

Францускиот репрезентативец не успеа да најде нов клуб за време на долгиот преоден рок, па дури деновиве го засили тимот на Роберто Де Ѕерби, нешто на што имаше право поради статусот на слободен агент.

Овој потег значи големо засилување за Олимпик во обидот да се врати екипата во врвот на француската фудбалска сцена, а за Рабио можност да остане во конкуренција за настап во националниот тим. Поранешниот француски репрезентативец, Кристоф Дигари не штедел комплименти во емисијата на Жером Ротен, потенцирајќи го начинот на кој Рабио ги носи одлуките во својата кариера.

– Го обожувам Рабио, тој е мој нов идол!

– Каква слобода има ова момче, како ги носи одлуките. Беше во ПСЖ, имаше недоразбирања, на крајот кажа дека не сака да го продолжи договорот.

– Им потенцираше дека не планира да се откаже од својата мајка како агент, па потпиша за Јувентус. Потоа реши да го одработи договорот до неговиот истек, за на крајот да се пресели во Марсеј.

– Тој не прифаќа никакви диктати, посебно од типот: ако сте играле за ПСЖ, не треба да играте за Марсеј. Да потстетам, тој е стартер во француската репрезентација, на моменти ја носеше и капитенската лента во Јувентус. Има навистина исклучителна кариера, – рекол Дигари.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни