Поврзете се со нас

Европски првенства

Рабио директно прозва една голема француска ѕвезда пред полуфиналето со Шпанија: Очекуваме многу повеќе од него

Објавено

на

Foto:x.com/equipedefrance

Франција се пласираше во полуфиналето на Европското првенство без постигнат гол од игра и добива многу критики за неинвентивниот и досаден фудбал, но засега цврстината како тим им носи голем резултат на турнирот во Германија.

„Триколорите“ се уште се во игра за трофејот и покрај тоа што не се најразиграни, а покрај Килијан Мбапе кој е далеку од своја најдобра форма, како проблем се покажаа и неочекувано бледите изданија на Антоан Гризман.

Фудбалерот на Атлетико Мадрид секогаш е меѓу најдобрите кога настапува за националниот тим, но на овој шампионат не е така и сега беше директно прозван од Адриен Рабио.

– Сите сме изненадени од нивото на Гризман. Сите знаеме какви квалитети поседува и што правеше за нас на последниот мундијал. Таму беше еден од најдобрите во тимот.

– Не знаеме да објасниме што се случува, можеби не е физички на највисоко ниво. Очекуваме многу повеќе од Антоан, бидејќи знаеме декае може повеќе. Можеме да победиме и без него, имаме силен тим, но дефинитивно ќе ни биде полесно ако се појави вистинскиот Гризман, – изјави Рабио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни