Путин со специјален план и драконски мерки ќе се справува со хулиганите на СП во Русија

vladimir-putin

Руските хулигани уште на почетокот на оваа година испратија видео пораки со кои испратија јасна закана до искрените фановите на фудбалот за престојот кој планираат да го имаат во Русија за време на Светското првенство кое е на програмата претстојново лето, а ако се земе во предвид каков хаос направија радикалните навивачи од оваа земја за време на Европското првенство во Франција, нормално е што нивните најави крајно сериозно се сфатени и во државниот врв.

Претседателот Владимир Путин е познат љубител на спортот и всушност самиот тој го промовираше Светското фудбалско во Русија за време на ждрепката која се одржа пред извесно време во Москва, а како што сега информира угледниот „Дејли Меил“, најмоќниот човек во Русија има добро сработен план и воведно ригорозни мерки за да се справи со хулиганите кои планираат да направат хаос и да остават лоша слика за земјата.

Хулиганите од Русија всушност се професионални кик-боксери и познавачи на специјални боречки вештини кои најдобро ги запознаа Англичаните за време на Европското првенство во Франција каде направија големи нереди во неколку града, но како што пренесува британскиот таблоид кој се потпре на информации кои ги добиле од руските медиуми, Путин ја има ангажирано тајната полиција ФСБ (поранешна КГБ) да се подготвува за големиот спортски спектакл, на кој повеќе од јасно е дека ќе има и тајно распоредување и инфилтрација на членовите на полицијата меѓу обичните фанови. Покрај ова, Путин ќе спроведе и посебни мерки за хулиганство за време на Светското првенство во Русија, според кои причинителите на нередите и хаосот ќе бидат гонети со затворска казна од осум до петнаесет години.

При наредбата која ја испратил до тајната ФСБ полиција, Путин јасно нагласил дека не смее да се има никаква толеранција кон хулиганите, па на единицата за брзо распоредување и е дозволено да употребува и прекумерна сила доколку забележи било каков акт за загрозување на безбедноста на искрените фанови на фудбалот кои планираат да ја посетат Русија за време на фудбалскиот спектакл.

Facebook Коментари