Поврзете се со нас

Свет

Путин мобилизираше познат руски фудбалер кој освои бронза на ЕП во 2008. година

Објавено

на

Foto:evertonfc.com

Претседателот Владимир Путин прогласи делумна мобилизација во Русија и најави дека ќе бидат регрутирани околу 300 илјади дезертери, меѓу кои се најде и еден познат фудбалер за целата европска јавност.

Станува збор за Динијар Билалетдинов, поранешниот руски репрезентативец кој беше дел од импресивната генерација на „зборнаја“ која играше во полуфиналето на Европското првенство во 2008-ма година.

Билалетдинов го освои бронзениот медал заедно со своите соиграчи од селекцијата, но 14 години подоцна, сега како пензиониран фудбалер, доби повик да и служи на својата земја.

Ова го потврди неговиот татко Ринат, кој вели дека не гледа логичност во пивокот на Динијар, бидејќи најавите на Путин беа дека ќе регрутира млади лица до 35 години.

– Диниjар доби покана. Тешко е да се зборува за емоции, бидејќи вистина е дека тој не служел војска. Имаше краток воен рок пред 19 години, но тој беше со специфичен спортски карактер. Тој положи заклетва, а потоа служеше за земјата преку спортот.

– Најавите беа дека ќе се викаат лица до 35 години, а Динијар има 37 и не гледам логика. Брзо ќе дознаеме дали оваа покана е точна, или е испратена пред време. Претседателот утврди делумна мобилизација, а не општа. Според правилата, Динијар не влегува во онаа првата, – вели Ринат.

Билалетдинов најголем дел од кариерата мина во Локомотив и Спартак Москва, но три години беше дел и од Премиер лигата како член на Евертон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни