Путин со хит реакција по петтиот гол на Русија: Му стана непријатно пред Принцот на Сауди Арабија (Видео)

princ-putin

Сите пет гола на руската фудбалска репрезентација на денешното отворање на мундијалот беа пропратени и со реакции на претседателот Владимир Путин, но мора да се напомене, дека во голем кадар постојано се гледаше и Принцот на Саудиска Арабија, Мохамед Бин Салман.

Најпрво „битката“ во вип ложата на „Лужники“ започна со џентлменски реакции и поздрав на двајцата по првиот гол на домаќините, но откако Русите не престанаа да постигнуваат голови, на рускиот претседател на крајот дури му стана и непријатно.

По петтиот гол на Головин, Путин почна да гестикулира со рацете како да не знае што се случува, а неговата реакција стана вистински хит на социјалните мрежи…

Facebook Коментари