Поврзете се со нас

АТП

Путин го прослави големиот успех на Медведев: Реномираниот Ѓоковиќ немаше никаква шанса

Објавено

на

Данил Медведев го спречи Новак Ѓоковиќ во обидот да направи историја и не му дозволи да го комплетира календарскиот слем, но истовремено, се погрижи за сопствена историја и ја освои првата грен слем титула во кариерата.

Младиот 25-годишен тенисер од Москва го победи Новак Ѓоковиќ со 6:4 во трите сета и стана само вториот тенисер по Рожер Федерер кој му нанел пораз во максимални три сета на Србинот во едно финале на Ју-Ес Опен, а со тоа, се претвори во третиот Русин кој се израдува на грен слем турнир по Јевгениј Кафелников и Марат Сафин.

Поради големиот успех и начинот на кој го победи светскиот рекет број еден, Медведев стана топ тема во родната Русија, од каде пристигна четитка и од претседателот Владимир Путин.

– На патот до финалето на престижното натпреварување, ти покажа највисока класа на знаење и упорност во постигнувањето на твоите цели и во одлучувачкиот меч, одигра на сигурен и самоуверен начин, не оставајќи му никаква шанса на силниот и реномиран противник. Така играат вистински шампиони, – гласи пораката од кабинетот во Кремлин, потпишана од претседателот Путин.

Следејќи ги стапките на својот идол и пример Марат Сафин, Медведев во неделата го запиша своето име во историјата како само втор Русин кој го освоил тенискиот грен слем во Њујорк.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни