Путин го пречека Хабиб и му кажа неколку збора: Ќе побарам од татко ти едно нешто (Видео)

putin-habib

Хабиб Нурмагомедов доби неверојатно голем број на нови фанови откако го победи Конор Мекгрегор во УФЦ 229 спектаклот кој се одржа во Лас Вегас, но исто така привлече огромно внимание и стана топ тема со начинот на кој изреагира по крајот на борбата.

Русинот се уште ја чека конечната одлука од Комисијата во Невада за испадот и нападот на луѓе во публиката, но додека ги чека резултатите за казната која ќе ја добие, во текот на вчерашниот ден беше на прием кај најважниот човек во родната земја.

Претседателот Владимир Путин ги пречека Хабиб и неговиот татко кој е творец на овој голем успех на Нурмагомедов, а од разговорот кој го снимија камерите, интересно е да се издвои еден дел од највлијатениот човек во Русија, посветен за таткото на борецот (Хабиб по победата над Конор истакна дека посебен ќотек ќе добие од својот учител и татко за тоа што го направи).

– Ќе побарам едно нешто од твојот татко. Ќе побарам да скрати дел од казната која планира да ти ја даде, бидејќи најважно е дека ти се бореше како вистински борец и заслужено победи. Знаеме дека беше провокација, дека беше испровоциран, а ние Русите, кога добиваме напад од страна, правиме другите да доживеат пекол. Ти посакувам многу успех во кариерата, – му порача Путин на Хабиб.

Facebook Коментари