Поврзете се со нас

Репрезентација

Пуштени се во продажба билетите за пресметките со Ерменија и Романија

Објавено

на

Македонската сениорска репрезентација ја очекува три натпревари во септемврскиот квалификациски циклус од кои два ќе ги одигра на домашен терен на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Тоа се дуелите против Ерменија и Романија закажани за 2 и 8 септември (20:45 часот), средби за кои од денеска веќе може да се набави билет. Влезниците се по цена од 300 денари и истите можат да се набават преку продажната мрежа на MKTickets.

Капацитетот на „Тодор Проески“ е ограничен согласно мерките утврдени за заштита од коронавирусот и протоколот на УЕФА за присуство на гледачи на трибините, односно во продажба ќе бидат пуштени по 3.000 билети.

Воедно важно е да се напомене дека согласно официјалната одлука на Владата на натпреварите е дозволено присуство единствено само со приложување на еден од следните документи:

– Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот Ковид-19, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест

– Сертификат/потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Не се однесува на лица под 18 годишна возраст.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни