Лига на шампиони
Пушкаш, Пантиќ…Мбапе: Само девет фудбалери постигнале хет-трик на „Камп Ноу“

Големата победа на ПСЖ на гостувањето кај Барселона беше одбележана со хет-трикот на Килијан Мбапе, кој повторно ја докажа својата класа и на „Камп Ноу“.
Францускиот првак има голема предност во пресрет на реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите, а Мбапе влезе во историјата како еден од ретките играчи кои постигнале три погодоци на официјален натпревар на стадионот на Барселона.
Тоа им успеало само на уште осум фудбалери, а последен беше Диего Форлан, кој постигна хет-трик на „Камп Ноу“ во натпревар од Ла Лига во 2005 година.
Претходно, Андриј Шевченко погоди три пати во 1997 година во рамките на Лигата на шампионите, а истото му успеа на Милинко Пантиќ, кој во натпревар од купот постигна четири голови во дресот на Атлетико Мадрид.
Хет-трик на „Камп Ноу“ постигнале и Балтазар (Атлетико Мадрид) во куп натпревар во 1989 година, Мануел Пења (Валјадолид) во 1987 година, Тони Курбош (Мец) во натпревар од КПК во 1984 година, како и легендарните Ференц Пушкаш (1963) и Луис Арагоњес (1961).

- Шпанијапред 16 часа
Фудбалерите на Реал со уште еден потег покажаа колку им значи клубот: Донеле заедничка одлука за…
- Италијапред 18 часа
Пандев веројатно ќе си оди, но друг Македонец ќе го замени и ќе заигра за Џенова од следната година
- АТПпред 15 часа
Ѓоковиќ откри кој е неговиот најголем сон: Не сакам да бидам неблагодарен…
- Англијапред 17 часа
Тухел презадоволен по победата над Сити испофали еден фудбалер: Го победивме најдобриот тим во Европа
- Англијапред 19 часа
Солскјер не се откажува и верува во чуда: Многу почудни работи се случиле досега
- Германијапред 20 часа
Легендата на Баерн која го најави заминувањето на Флик: Стојам зад својот збор, знам кој ќе биде нов тренер
- Шпанијапред 15 часа
Нов проблем за Реал: Зидан нема да може да смета на уште еден важен играч за пресметката со Хетафе
- Англијапред 16 часа
Реал Мадрид го обновил интересот за фудбалер на Манчестер Сити